АД Димко Митрев

Производство на крзно и крзнени производи

Историјат

       Крзнарскиот занает одамна се негувал во Велес, велешките крзна биле надалеку познати. Во средината на 19-тиот век Велес станал најзначаен трговски центар во Македонија. 

Ќурчискиот занает доживувал постојан пораст во Велес со никнување на мали производствени работилници. Во тој период покрај другите, производствената работилница на фамилијата Зарезанкови работела успешно. Покрај тројцата браќа Ѓорѓи, Ангел и Киро имало вработени и најмени работници. На примитивен начин се штавеле кожите, потоа се сушеле надвор на сонце и на крајот од нив се правеле разни производи.

         Претпријатието така работело до мај 1947г.

   На 29-ти мај 1947г. било донесено решение за формирање на претпријатие за произвоство на сите видови ќурчиски и кожарски производи потпишано од Претседателот на Владата на Република Македонија. Веднаш по формирањето биле примени нови работници.

      Во 1952г. по иницијатива на Ѓорѓи Зарезанков бил формиран погон за ракавици. Така биле примени уште 45 работници и во 1952г. претпријатието броело 127 работници. Потребите за поголемо произвоство растеле и со помош на општината во 1952г. претпријатието ја започнало градбата на штавниот погон на местото на денешниот А.Д. Димко Митрев. Во 1954г. бил изграден погонот за конфекција, надградба на штавниот погон. Во 1962г. погонот броел 142 работници. Во 1963г. погонот паднал во криза и биле отпуштени 50 работнци. Останатите работници се наоѓале во кризна состојба и примале минимален личен доход.

   Со реформите од 1966г. започнал брзиот развој на работната организација. За директор бил поставен дипломираниот економист Андреја Ковачев. Така во 1970, 1972, 1973г. било извршено проширување на погонот за конфекција и штавниот погон и биле примени нови работници. Така во 1979г. бројот на работници се зголемил и изнесувал 350, а од вкупното произвоство 40% се пласирало на странскиот пазар.

          Со указ на Претседателот на СФР Југославија на 17,04,1978г. по повод 30 годишно постоење, за особени заслуги и постигнати успеси во работењето од значење за стопанскиот напредок на земјата, организацијата е одликувана со ОРДЕН НА ТРУДОТ.

     Во 1979г. вработените доживеале уште една победа. Била пуштена во работа нова конфекција-фабрика со која се овозможило зголемување на производството.

Во 1985г. била изградена нова фабрика. Истата почнала да работи на 2-ри јуни 1986г. Во периодот од 1980-1985г. бројот на вработените растел, а побаруваќката на крзнените производи масовно го освојувале пазарот. Крзнените производи го освоиле не само домашниот п туку и странскиот пазар. Автомобилските навлаки, хантери и другите крзнени производи одлично се продавале на пазарите во Западна Германија, Швајцарија, Полска и многу други земји.

      

      Од 1986-1990г. биле вложени значителни средства на замена на машините од штавниот погон, машините за конфекционирање и машините за опремување на линија за развој на малото стопанство. Со планот за произвоство се предвидува производството да расте со стапка од 8,7%. Бројот на вреботените во 1987г. достигнал до 502 вработени.