АД Димко Митрев

Производство на крзно и крзнени производи

РЕ Производство на крзно

       Во овој погон започнува процесот на производство на суровите овчки кожи до готово крзно за потребите на конфекција. Погонот се снабдува со сурова овчка кожа најчесто од увоз (потеклото на кожите најчесто е од Австралија и Нов Зеланд, потоа од Јужна Америка, скандинавските земји итн.). Хемикалиите потребни за непречена работа на погонот се 10% набавени од домашен пазар а 90% се набавени од увоз. Машинскиот парк располага со сите машини и садови од штавењето кожи до финалниот производ.

       Палета на производи:

  • овчки и јагнешки велур
  • крзно за тепих
  • поставно крзно
  • медицинско крзно

       Крзнен велур за топлинки, крзно за тепих, крзно за постава за обувки и ХТЗ производи е природно овчко крзно со висина 8-10мм; 12-14мм; 16-18мм, а наоѓа примена во изработката на конфекциски производи: топлинки, автонавлаки, ХТЗ производи, бунди и елеци, волани, шиени и ткаени килими и друго. Поради својата структурална градба волната има висока еластичност и растегливост, така што не се гужва, а просторот кој се наоѓа помеѓу големиот број влакна обезбедува добра циркулација на воздухот. Волната е склона на апсорпција на влага, но поради добрата циркулција волненото влакно ја исфрла надвор.

   Во составот на работната единица Производство на крзно се и секторите:

  • Сектор за одржување и енергетика
  • Сектор за развој за штавен погон и енергетика и екологија